Никола Василевски се приклучи на репрезентацијата

85
FOTO KFSM

На првиот работен ден од оваа недела, нашиот сениорски национален тим има играч повеќе „во ротацијата“ која селекторот Марјан Илиевски и неговите соработници, Борче Даскаловски, Мирко Петрески и Миодраг Тодоровиќ ја има на располагање во оној ударен дел од подготовките за настапите во претквалифициите за место во оние главни квалификации за пласман на Светскиот Куп 2027 година.

Ново име кое се „чекираше“ во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, а попладнево ќе го одработи и првиот тренинг како сениор, е Никола Василевски.

Поранешниот младински репрезентативец доби дополнителен повик од селкторот Марјан Илиевски, и ќе биде во онаа надворешна линија во тимот кој се подготвува во Гевгелија, односно во Негорски бањи, и прекрасниот спортски комплекс „НБ Ноел“ кој им нуди идеални услови за реализација на планираните активности на нашите најдобри кошаркари.

Василевски е уште еден играч од генерацијата 2003 од која веќе има неколку играчи кои се дел од подготвителниот процес, како Андреј Митревски и Амар Хот.

ПретходноBBC Sport: Јунајтед стартуваше преговори за Николас Џексон
СледноЦаке: Воопшто не не интересира што се случува кај противникот, имаме ние своја цел