Од денеска ракометарите на РК Алкалоид стартуваа со подготовките. Клубот веќе го претстави Тордарсон од Исланд како ново име, а воедно на тројца ракометари им се заблагодари.
Па така Арно Бинго, Михајло Младеновиќ и Костадин Петров, нема веќе да бидат дел од составот на стратегот Кирил Лазаров.
Овој последниот ќе биде дел од тимот на Мулти Есенс каде ќе се рехабилитира од повредата и ќе ја враќа формата.