Романскиот шампион пристигна во пеколно топлото Скопје!

209
ФОТО: Orangesport.ro

Пред нешто помалку од еден час, експедицијата на ФЦСБ слета во Скопје и веднаш Романците беа шокирани од топлото време или +40 степени Целзиусови.

Јасно е дека тоа за нив ќе биде проблем на утрешната средба со Шкендија во дуел од двомечот во 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите кој започнува утре од 20 часот.

По пристигнувањето во Скопје, фудбалерите на ФЦСБ треба вечерва да го одработат и тренингот на Арената “Тодор Проески“.

Во тимот кој што дојде во Скопје ги немаше Аливец, Бирлигеа, Политиќ, Георгита, Влашеану…

ПретходноДелириум во Белград, пристигна Марко Арнаутовиќ
СледноЕМОФ: Кошаркарките со убедлив пораз од Белгија