Денеска во Нион ќе се одржат ждрепките за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Па така Вардар и Шкендија, кои се пласираа во 2.коло во ЛК и ЛШ ќе ги дознаат своите евентуални противници за тоа трето коло.
Утринава, вообичаено, УЕФА го скрати списокот со можните ривали во пресрет на денешната ждрепка.
Во 14 часот ќе се одржи ждрепката за 3.коло во ЛК.
Во случај на минување на Лозана, Вардар за можен ривал од овие двојки кои се во групата 2 како носители:
Актобе – Спарта Прага, Омонија – Торпедо Кутаиси, Зимбру- Астана, Рига – Дила Гори и Хибернијанс – Спартак Трнава.
Овие мечеви се закажани за 7 и 14 август.
Во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во ЛШ.
Шкендија ако го мине во 2.коло тимот на ФЦСБ во следната трета рунда би можела да игра против победниците од двојките Ноа – Ференцварош, Пафос – Макаби Тел Авив и Шелбурн – Карабах.
Овие натпревари се закажани за 5/6 и 12 август.
Во 13 часот ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Европа.
Ако Шкендија не успеа да го мине ФЦСБ, тогаш ќе игра во третата рунда во ЛЕ и денеска на ждрепката може да го добие поразениот тим од двојките Пафос – Макаби, Слован – Зрински и Копенхаген – Дрита.
Овие натпревари се играат на 7 и 14 август.