Хараламбус: Шкендија е квалитетен тим!

122
ФОТО: Facebook

Утре од 20 часот на Арената во Скопје, Шкендија го дочекува ФЦСБ во меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Нема дилеми кој е фаворит, тоа се гостите од Романија, сепак и македонскиот шампион има свои квалитети и не смее да се потцени.

Ова вечерва на пресот во Скопје го истакна стратегот на романскиот гигант, Елиас Хараламбус:

Шкендија е тим што го освои првенството. Секој тим што ќе освои првенство значи дека има квалитет. Утре очекуваме тежок натпревар. Мораме да ја играме нашата игра, почитувајќи го противникот. Фокусирани сме на она што треба да го направиме. Им повторувам на моите играчи: победите носат победи. Имаме многу квалитет, а тимот ќе изгледа подобро од натпревар до натпревар. Мораме сериозно да ги сфатиме сите натпревари, го сфаќаме чекор по чекор. Важно е да бидеме многу фокусирани утре. Размислуваме само за Шкендија“ посочи Хараламбус.

ПретходноАрената е зафатена: Гостите од Романија тренираа на ФФМ, исто и Шкендија! (ВИДЕО)
СледноЕМОФ: И кошаркарите со пораз, Турците ја искажаа својата класа!