Поради зафатеност на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, прво фудбалерите на ФЦСБ а потоа и тие на Шкендија, својот последен тренинг го одработија на теренот на ФФМ во Скопје.
Познато е дека мечот меѓу Шкендија и ФЦСБ, прв од двомечот од 2.квалификациско коло во ЛШ, се игра утревечер од 20 часот.
На пресовите и двајцата тренери си поделија комплименти на сметка на противникот, но сепак и Беќири и Хараламбус се сложуваат дека ФЦСБ е фаворит, но и дека Шкендија знае како треба за да се дојде до добар резултат.
Останува да се види со кој резултат ќе се оди во Букурешт, кога Шкендија ќе му гостува на ФЦСБ следната недела во возвратниот меч.