Делириум во Белград, пристигна Марко Арнаутовиќ

214

Навивачите на Црвена Звезда се во екстаза откако денеска во Белград се појави најновото засилување на тимот на „Рајко Митиќ“, Марко Арнаутовиќ.

Големата звезда на светскиот фудбал, пристигнува од Интер, и ќе биде водечкиот во тимот на Звезда кој што ќе се обиде да стигне повторно до групната фаза од Лигата на Шампионите.

Арнаутовиќ според шпекулациите ќе биде убедливо најплатениот играч во историјата на фудбалот во Србија, но и на просторите на екс Југославија.

Тој беше пречекан од стотици навивачи на аеродромот во Белград кој едвај чекаа да се појави и да почнат да слават.

 

ПретходноЕМОФ: Кадетките на стартот поразени од Исланд!
СледноРоманскиот шампион пристигна во пеколно топлото Скопје!