ЕМОФ: Кадетките на стартот поразени од Исланд!

66

Ракометната женска кадетска репрезентација на првиот ден од ЕМОФ беше поразена од Исланд со 22:29. Иако поведовме, противничките успеаја да направат разлика и дојдат до убедливо водство од 1:9. Македонија почна да го поправа впечатокот па успеа да ја намали разликата, а на пауза се замина со 9:16 за Исланд.

Во второто полувреме Исланд повторно заигра многу подобри и дојде до 12:24 и со тоа стави точка на овој меч кој на крајот заврши со резултат 22:29 како што веќе напоменавме.

Во наашата репрезентација Ристовска постигна пет голови, додека Димоска и Трифуноска по четири пати се запишаа во листата на стрелците.

Утре Македонија игра против Швајцарија.

ПретходноСам Беукема е нов стопер на Наполи
СледноДелириум во Белград, пристигна Марко Арнаутовиќ