РК Алкалоид денеска ги започна подготовките за сезоната 2025/26!
На првиот тренинг во Салата „Автокоманда“ присуствуваше и Генералниот директор / Претседателот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, кој им посака на ракометарите успешна сезона исполнета со здравје, тимска сплотеност и со врвни натпреварувачки достигнувања.
Подготовките на РК Алкалоид во првата фаза ќе се реализираат во Скопје, па ќе продолжат во Маврово. Потоа се заминува на мини турнеја во Србија и Хрватска каде се планирани осум пријателски натпревари со ривали од Србија, Хрватска и Словенија.