Алкалоид не го менува капитенот, Игор Ѓорѓиев и натаму лидер во Автокоманда

84
Игор Ѓорѓиев и во новата сезона ќе биде капитен на РК Алкалоид. На стартот на подготовките, средниот бек ги изнесе своите очекувања за натпреварите кои следат и најави максимална борба и ангажираност на секој дуел кој ни следи.
 „Како тим, имаме цели кои се јасни – нашиот менталитет во РК Алкалоид е секогаш да одиме на победа, без разлика кој стои на спротивната страна. Сезоната која ни следи ќе биде доста интересна, но за неа ќе мора да се подготвиме добро на физички, психички и тактички план. Ги имаме сите услови за такво нешто“ – изјави Ѓоргиев па додаде….

За настапот во Европската лига на ЕХФ…

„По освоениот трофеј во Европскиот куп ни следи нов предизвик, тоа е настап во квалификцаиите на Европската лига на ЕХФ каде имавме незгодна ждрепка и за ривал добивме тим од Бундеслигата. Но, нашиот менталитет во Алкалоид е секогаш да одиме на победа. Ние ќе го дадеме нашето најдобро, па се надеваме на најдобар епилог.“ – додаде бекот па поентираше.

За првенството на Македонија…

„Во првенството на Македонија ќе биде исто така интересно, лигата е засилена и изедначена. Има четири тима кои се издвојуваат на врвот, ние сме еден од нив, но и другите нема да ги потценуваме. Наше е да се бориме на секој меч, да бидеме максимално фокусирани и ангажирани и да ги следиме и слушаме советите на нашиот тренер, со цел да дојдеме до што е можно подобри резултати“ – изјави Ѓоргиев.

 

ПретходноЕМОФ: Ракометарките со пораз и од Швајцарија!
СледноЗакариќ почна со тренинзи, се прават напори да игра со Лозана! (ФОТО)