Браво Шкендијо: Шампионот со победа покажа како треба против некогашниот европски првак! (ВИДЕО)

1016

Шкендија – ФЦСБ (Стеауа) 1:0 во првиот дуел од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

БРАВО, БРАВО ШКЕНДИЈО. Конечно некоја наша екипа да ја победи таа фамозна Стеауа, тој некогашен европски првак. Ете вечерва со голот на Алхасан во 65.минута шампионот победи и со предност ќе патува во реваншот во Букурешт.No description available.

А Шкендија почна одлично. Агресивно, напаѓачки во тие први минути. Штета што тогаш Бесарт Ибраими во таа 2.минута, од изгледна шанса, не донесе водство. Неговиот шут нешто оддлево за малку беше непрецизен.

И така беше се до таа 10.минута кога ФЦСБ се ослободи од притисокот и почна да ја игра својата игра и го натера нашиот шампион во дефанзива.

Во 12.минута Цисоти од далечина биеше силно, но Гаје беше сигурен на својот гол. Неколку минути Нгезана се обиде со шут со глава од неколку метри, но тоа беше премлако за да се загрози голот на Шкендија.

Гостите продолжија со иницијативата, а потоа Шкендија од една добро изведена акција на Тамба, кој се најде сам пред гостинскиот голман од 10-12 метри, не успеа да донесе радост на трибините.

Во самиот финиш на првиот дел гостите од Романија фрлија се на една карта, напади и само напади, но за среќа на тетовци на пауза се замина со тие почетни 0:0.

ТАНАСЕ ЈА ГАЃА СТАТИВАТА, АХ ТАМБА, ТАМБА…

Во продолжение од средбата ништо ново на теренот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Фудбалерите на ФЦСБ напаѓаа, Шкендија се бранеше и се обидуваше од контранапади да го згарози гостинскиот гол.

Во 55.минута Танасе немаше среќа, прекрасно се ослободи од Трумчи, шутираше, но само во стативата. Три минути подоцна и Олару шутираше, но сега Гаје со фантастична одбрана успеа да го спаси голот на Шкендија.

Конечно одлична контра на Шкендија, а Тамба се избори за супер позиција, но шутираше во голманот Тарновану.

Ах, Тамба, Тамба… ова мораше да биде гол. Можеше и да додаде до Ибраими. Штета, штета, штета.

ГООООЛ….АЛХАСАН….ШКЕНДИЈА ВОДИ

Ако не Тамба, тогаш Алхасан за водство на Шкендија и еуфорија на Арената. Цаке прекрасно нафрли пред голот на гостите, а таму игралот за врска кој влезе во второто полувреме со фантастичен шут со глава успеа да ја затресе мрежата за 1:0.

Браво.

Да не биде се идеално, Ќака невмнимателно и опасно стартуваше и заработи црвен картон, а Шкендија остана со играч помалку во поле.

Добро е. Во 80.минута и ФЦСБ остана со играч помалку откако Танасе несопортски стартуваше врз Љатифи, и затоа си доби црвен картон. Па така сега силите на теренот се израмнија.

Во 90.минута Вебстер и Љатифи, во еден напад со две шанси за 2:0, но сепак немаше гол.

2.квалификациско коло во ЛШ (прв меч)

ШКЕНДИЈА – ФЦСБ 1:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Нејтан Вербомен (БЕЛ). Стрелци: Алхасан 65.(ШКЕ). Ц Картони: Ќака 70.(ШКЕ), Танасе 80.(ФЦСБ).

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Вебстер, Фетаи, Цаке, Р.Рамадани, Ќака, Красниќи (46. Алхасан), Тамба (90+2. Мурати), Крстевски (46. Љатифи), Ибраими (83. Адеми).

ФЦСБ: Тарновану, Крету, Нгезана, Попеску, Радуновиќ, Кирикеш, Сут (53.Перуану), Микулеску, Олару (63. Стефанеску) Цисоти, Танасе.

ПретходноПочина легендата на Ливерпул и Велс
СледноВака се игра во Европа: Моќна е оваа Шкендија!(ФОТОГАЛЕРИЈА)