Вардар во четврток ги почнува подготовките за новата сезона

99

Со собир во Скопје, Вардар во четврток ги почнува подготовките за новата ракометна сезона. Екипата се собира на 24 јули во Скопје каде ќе се направат сите потребни медицински тестови, а потоа ќе почнат и тренинзите на тимот кои исто така ќе бидат во Скопје.

Потоа екипата заминува на висински подготовки каде ќе остане се до 13 август. Во тој период ќе се одигра и контролен меч со тимот на Бутел. Вардар ќе игра на турнирот во Охрид од 19 до 23 август, а потоа на крај на месецот исто така ќе биде дел од турнир кој ќе се одржи во Скопје.

Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер Куп, на 3 септември. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.

ПретходноРоманците предупредуваат: Некогашниот соиграч на Ноер, Ракитиќ, Курањи… ќе биде најголемата опасност по ФЦСБ!
СледноАл-Хилал одлучи да се повлече од Саудискиот Суперкуп