Вардар денеска слави 78.години постоење!!!

118

Фудбалскиот клуб Вардар денеска слави 78. години постоење. На денешен ден, во 1947 година е основан Фудбалскиот клуб Вардар по фузијата на двата дотогашни клубови, Победа и Македонија.

Вардар од тој момент, па се до ден денешен е синоним за фудбалот во нашата земја, и најтрофеен фудбалски колектив.

Единствен кој има освоено титула и куп во поранешна Југославија, и со најмногу шампионски трофеји по осамостојувањето на Македонија.

Вардар е единствениот клуб кој што има настапувано во групна фаза од едно елитно европско клупско натпреварување, кое што е под капата на УЕФА, а тоа секако се случи во сезоната, 2017/2018 година.

Се она што Вардар го направи во овие изминати осум децении постоење остава неизбришлив траг во македонскиот фудбал, колку и да поединци сакаат истото да го негираат и да го оспоруваат. Вардар бил, е и ќе биде најголемиот македонски фудбаски бренд кој сите мора да го почитуваат.

 

ПретходноЕХФ Куп пехарот во рацете на Алкалоид на шести септември
СледноЛШ квалификации: Шкендија сака и може, ФЦСБ е силен, ама и македонскиот шампион има свои адути!