Вардар – Лозана меч од висок ризик, доаѓаат стотина гостински навивачи

449

Во пресрет на првиот од двата дуела на Вардар против Лозана во рамките од второто коло од квалификациите за Конференциската лига, денеска пристигнува информацијата дека мечот е класифициран со назнака висок ризик.

Мечот кој инаку е закажан за 20:30 за вчетврток на Арената Тодор Проески во Скопје, од страна на надлежните е прогласен за меч со висок ризик многу веројатно затоа што во Скопје пристигнуваат стотина навивачи на Лозана.

Згора на тоа, во ова подрачје од главниот град во моментов се стационирани илјадници спортисти и спортски работници кои што се дел од ЕМОФ игрите кои што во моментов се одржуваат во Скопје.

Секако дека и тоа има удел, ако се знае дека навивачката група Комити за дуелот против Лозана најавува огромно присуство.

 

ПретходноКатастрофа за Торонто: И Алкараз откажа!
СледноЕХФ Куп пехарот во рацете на Алкалоид на шести септември