ЕМОФ: И кошаркарите со убедлив пораз, Франција за класа подобра од Македонија

40

Како вчера, еве така и денеска. Се само порази на нашите спортисти во екипните спортови на ЕМОФ.

Вечерва со пораз го затворија денот и кошаркаркарите кои беа убедливо поразени од силната Франција и тоа со 89:55.

Се виде уште на стартот од мечот не само кој ќе победи, туку кој ќе победи убедливо. Првата четвртина заврши со резултат 21:10. Во втората беше 33:13 и тука беше се јасно.

Во продолжение од средбата Франција само рутински ја одработи својата задача.

Во нашата млада селекција најефикасен беше Александар Сотир со 11 поени.

Утре во третиот свој меч, македонските кошаркари ќе играат против Летонија.

ПретходноПолувреме: Ибраими и Тамба со супер шанси, ама мрежите мируваат!
СледноПочина легендата на Ливерпул и Велс