И кошаркарките попладнево на својот втор меч го забележаа вториот пораз на ЕМОФ 2025. Македонските млади кошаркарки беа убедливо поразени од соодветната селекција на Финска со 76:35. Вчера пораз од Белгија со 71 разлика, попладнево од Финска исто така и повеќе од убедливо.
Ако во првата четвртина беше пристојно, само 18:12, тогаш во втората беше навистина слабо, само постогнати два поени а примени дури 24. Добро е тоа што барем третиот период го добивме со 10:9, ако е за некаква утеха, но на крајот, како што рековме повторно убедлив пораз.
Во нашата селекција најефикасна беше Милосављевиќ со 10 поени, Анастасова постигна два помалку.