Штета. Одлична игра и настап на нашите млади ракометари во првото полувреме против Шпанија и водство од 17:15, сепак на крајот пораз и тоа со 31:26.
Навистина можат да жалат, но сепак треба да се знае дека големиот фаворит на овој ракометен турнир на ЕМОФ, во продолжение од средбата и тоа како одигра квалитетно. Па така успеа да го сврте во целост резултатот и на крај да слави со пет голови разлика.
Во нашиот табор Поповски со седум голови беше најефикасен, додека Стојановиќ беше стрелец на пет.
Утре нашите млади ракометари ги чека меч со Исланд, ете шанса за добар резултат и конечно малку добри вести.