ЕМОФ: Ракометарките со пораз и од Швајцарија!

58

Втор меч за нашите ракометарки на ЕМОФ и втор пораз, денеска од Швајцарија со 20:33 (10:16). Колку и да се трудеа нашите млади ракометарки, се виде дека силата и квалитетот е на страната на гостинките.

Во првиот дел Македонија се обидуваше да дојде до голем минус на почетокот, но сепак оваа фаза од средбата заврши со резултат 10:16.

Швајцарките продолжија со истото темпо и ритам во продолжение од средбата, па на крајот заслужено славеа со убедливи +13 разлика.

Мила Ристовска со пет постигнати голови беше наша најефикасна ракометарка.

Утре од 16 часот Македонија ќе се сретне со селекцијата на Норвешка.

ПретходноКонечно: Падна договор за Ѓокерес во Арсенал
СледноАлкалоид не го менува капитенот, Игор Ѓорѓиев и натаму лидер во Автокоманда