Дома Ракомет Европски купови ЕХФ Куп пехарот во рацете на Алкалоид на шести септември

ЕХФ Куп пехарот во рацете на Алкалоид на шести септември

59
Фото: РК Алкалоид/ Филип Вирановски

Дуелот помеѓу екипите на Алкалоид и Хановер-Бургдорф, кој што е реванш двомеч од квалификациската рунда за влез во групната фаза на ЕХФ Европската лига, ЕХФ денеска и официјално го закажа за шести септември.

Германскиот тим одлучи својот меч да го организира на 31. август во 17:00 часот, Алкалоид својот меч на домашен терен одлучи да го закаже на шести септември стандардно во својата сала во Автокоманда со почеток од 19:30 часот.

Па така, РК Алкалоид победничкиот пехар од ЕХФ Европскиот Куп освоен во минатата сезона ќе го добие на својот прв домашен меч во новата европска сезона, односно токму на дуелот против тимот на Хановер.
ПретходноВардар – Лозана меч од висок ризик, доаѓаат стотина гостински навивачи
СледноВардар денеска слави 78.години постоење!!!