Закариќ почна со тренинзи, се прават напори да игра со Лозана! (ФОТО)

316

Горан Закариќ од денеска почна со тренинзи. Еден од најдобрите фудбалери на Вардар и клучен играч во офанзивниот дел од средниот ред, се чувствува подобро и денеска беше на тренинг на Вардар кој се одржа на стадионот на ФФМ во Скопје.

Колку за потсетување, Закариќ се повреди во Сан Марино, на реваншот со Ла Фиорита.

Добра вест е тоа што не е скршеница како што се мислеше во прв момент, но сепак болките и натаму се присутни во десното стопало.

Како што велат од нашиот најтрофеен клуб, се прават големи напори тој сепак да се најде во тимот во четврток на средбата со Лозана, прва од двомечот во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, која се игра на Арената во Скопје од 20:30 часот.No description available.

No description available.

ПретходноАлкалоид не го менува капитенот, Игор Ѓорѓиев и натаму лидер во Автокоманда
СледноЕМОФ: И Финска е пресилна за Македонија!