Ивановски: Вардар го спасува македонскиот клупски рејтинг!

719

Пред точно 78 години се роди најтрофејниот фудбалски колектив, Вардар. Судбината посака два дена после родененот „црвено-црните“ да играат во Европа, и тоа после долго време. Вардар кој беше на дното, со долгови до гуша, денеска стои исправено, растеретен од блокади. Долговите се натрупуваа годините наназад.

За само 364 дена, Вардар не само што излезе од калта во која го затрупаа сите оние кои што „најмногу го сака“, туку успеа да го освои Купот на Македонија и да се пласира во квалификациите во Конференциската лига.

Гостин во Утринската програма на МРТ беше и спортскиот директор, Игор Ивановски, тој потенцира дека желбата била токму на денот на роденденот да го најават мечот против Лозана во рамките на 2. квалификациско коло против Лозана кој се игра за два дена.

„На денешен ден пред 78 години се роди Вардар, најголемиот македонски тим. Денеска славиме роденден, а за два дена го играме мечот против Лозана“, започна Ивановски, кој прво откри во каква состојба бил Вардар пред речиси една година.

„Вардар беше тим кој беше тотално уништен, беше на дното. Имаше повеќе финансиски проблеми отколку играчки. Ако некој пред 364 ќе кажеше дека денеска ќе збориме за второ квалификациско коло во Конференциската лига, ќе изгледаше како невозможна мисија. Клубот се врати таму каде што треба да биде. И со самото тоа Вардар ја спаси честа на македонскиот фудбал. Има екипи кои со децении играат во Европа и не можат да направат еден чекор напред. Вардар после паузата се пласира во второто коло во Конференциската лига“, рече Ивановски.

Спортскиот директор на Вардар вели дека е создаден тим кој ќе атакува на победи и успеси.

„Напревен е тим кој ќе атакува на победи и успеси. Клубот нема сериозни финансиски проблеми, стои стбилно. Но, во Вардар работите се менуваат од час во час, од ден за ден, па затоа одиме чекор по чекор, сега мислиме само на Лозана“.

Вардар е во друга позиција од пред една година. Ивановски вели дека е важно дека е што има луѓе кои ја препознале визијата за спас.

„Потребен е план, луѓе и сериозни спонзори кои ќе ја препознаат визијата за спас на македонскиот бренд, и еве денеска сето тоа носи експресни резултати, она што беше претходно и сега тоа што е Вардар е разлика во светлосни години.

За разлика од тогаш, сега сите сакаат да бидат во Вардар, тогаш никој не веруваше во овој проект.

Задоволни сме од постигнатото, прва цел беше да го минеме првото коло. Но, не се предаваме иако Лозана е сериозен противник, а тоа го покажува и рејтингот на европската скала. Верувам дека момците ќе изгинат на теренот, верувам во струката.

За мене и реми е добар резултат, сепак играме против екипа која е добро рангирана на европско ниво. Македонија падна на 51 место, дојде на ниво на аматеризам. Мора да бидеме реални, но ова е шанса да покажеме дека сме поквалитетни од местото на кое се наоѓа клупскиот фудбал“, заврши Ивановски.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Лозана се игра во четврток со почеток 20:30 часот, на арената „Тодор Проески“.

ПретходноНенад Димитријевиќ потпиша за Зенит
СледноЛазаров: Сезонава да направиме чекор напред