Конечно, по месеци преговори, и илјадници напишани текстови на оваа тема, Виктор Ѓокерес потпишува за тимот на Арсенал.
Инфолвираните страни, а тука пред се се мисли на Арсенал, самиот играч но и тимот на Спортинг Лисабон, конечно најдоа заедничко решение со кое се финализираше трансферот на наѓачот во Лондон.
Конечната сума со која што Ѓокерес се сели во Арсенал, е 74 милиони евра, плус 12 милиони во додатни бонуси.
Со ова се завршува една од најголемите трансфер саги во поново време, затоа што за ова преминување на напаѓачот во Арсенал, се говори речиси три месеци.