Во согласност со својата стратешка определба да биде доверлив партнер во
дигиталниот свет, МТЕЛ Македонија, како дел од Телеком Србија групацијата,
направи значаен чекор кон поголема достапност на одредени услуги, воведувајќи
сервис за дигитална потврда на личен идентитет и нудејќи извонредно корисничко
искуство. Услугата за онлајн идентификација при регистрација на припејд броеви сега
е достапна за сите корисници.
Процесот на идентификација се состои од неколку едноставни чекори – корисникот ја
скенира припејд картичката, својот идентификациски документ (лична карта или
пасош), и на крај фотографира свое лице за потврда на идентитетот. По потврдата,
барањето се финализира, припејд картичката се активира и веднаш може да се
користи.
Оваа услуга им овозможува на корисниците целосно онлајн да го верификуваат својот
идентитет, значително подобрувајќи го корисничкото искуство. Процесот трае само
неколку минути и може да се заврши од која било локација и во кое било време – сè
што е потребно е мобилен уред со камера и интернет конекција, без потреба од
посета на МТЕЛ продажно место.
Со интеграцијата на Blinking решението за онлајн идентификација, воведовме
иновативна, ефикасна и, мора да нагласиме, високо напредна услуга. Со
воведувањето на онлајн регистрација на припејд корисници, ги отворивме вратите на
дигитализацијата на процесот на продажба. Покрај тоа, ја покажавме подготвеноста
на сите корпоративни нивоа да им овозможиме на корисниците лесно достапна
услуга, исклучиво преку дигитални канали. МТЕЛ ќе продолжи со имплементација на
решенија за унапредување и поддршка на дигиталната трансформација,“
соопштуваат од МТЕЛ.
Со овој чекор, МТЕЛ јасно ја покажува својата посветеност на модернизација,
безбедност и удобност. Без потреба од физичко присуство, со заштеда на време и
зголемување на довербата. Ова е особено значајно за корисниците кои живеат
надвор од урбаните центри и/или бараат брзи и флексибилни решенија. Во
согласност со глобалните трендови и искуствата на матичната компанија, МТЕЛ ја
приближува дигиталната иднина до корисниците во Северна Македонија.
Повеќе информации можете да најдете на https://mtel.mk/registracija/ или јавете се на
15010.