Од денеска младоста во нашиот сениорски национален тимдоминира уште повеќе.
Која е „причината“ за една таква констатација?
Селекторот Марјан Илиевски донесе одлука од денеска во тимот да бидат вклучени уште двајца кошаркари, кои „до вчера“ беа дел до селекцијата „Под 20“ години која се натпреваруваше на ЕП од Дивизијата „Б“, а кое во неделата навечер бееше затворено во главниот град на Ерменија – Ереван.
Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ добија повик од селекторот Илиевски да му се приклучат на сениорскиот состав кој е на средина од подготовките за настапите во втората фаза од претквалификциите за пласман на Светскиот Куп во 2027 година.
Луканоски и Стојковиќ беа и најдобрите поединци на шампионатот во Ереваан, претходно беа и на оној поширок список на Илиевски, па каков некој логичен потег беше и нивното приклучување во сениорскиот национален тим.
Според оние статистички податоци од ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија, Марко Луканоски, кој е дел од генерацијата на играчи родени 2006 година, беше прво име во нашиот младински тим.
Првенството го заврши со просек од 14.4 поени, 9.4 скока (четвртти скокач на првенството) и 2.6 асистенции, и ќе ја засили центарската линија која во овој момент е некако и најдефицитарна во ростерот.
Стојковиќ, е исто така, играч од генерацијата 2006, доаѓа кај сениорите со просек од 11.7 поени, 7.3 скока и 2.4 асистенции на штотуку завршениот шампионат за кошаркари „Под 20“ години.
Ќе конкурира за оние крилни позиции за место кај сениорите, кои овој викенд ќе ги имаат првите проверки. Во салата на „НБ Ноел“ во Негорски бањи, на гости доаѓа селекцијата на Швајцарија со која ќе одиграме два контролни натпревари, на 25 и на 26.јули.