Во утринската програма на МРТ гости беа тренерот на Вардар Гоце Седлоски, капитенот Азер Омерагиќ и спортскиот директор, Игор Ивановски. Тие говореа за настапите на европска сцена, за двомечот против Лозана во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Капитенот, Омерагиќ потенцира дека атмосферата во тимот е одлична и дека сите се свесни што значи да се носи дресот на Вардар. За дуелот со фаворитот Лозана рече дека сите имаа една желба – Вардар да чекори напред – гордо, да одигра добар меч.
„Можам да ветам дека ќе дадам се од себе, сакам да дадам гол за Вардар за да оди напред. Во соблекувалната атмосферата е позитивна, имаме два меча против Лозана, нашата желба е да одиме понатаму во ова натпреварување“, рече Омерагиќ, кој ги повика сите фанови да дојдат во четврток бидејќи тие им даваат посебен импулс:
„Полните тирбини за секој играчи значат мотив, голема желба, енергијата која доаѓа од трибините е уникатна. Ние не играме само клубот и за нас, туку и за навивачите“, порача капитенот на Вардар, кој говореше за тежината на „црвено-црниот“ дрес.
„За мене е сон. Не може да немаше желба да играш за клуб како што е Вардар, дресот навистина е тежок, свесен сум за тоа“.
Вардар минатата сезона ја заврши на најдобар можен начин, го освои Купот на Македонија, а сега веќе се подготвува за второто квалификациско коло против Конференциска лига.
„Со доаѓање на Седлоски на тренерското место, заедно со сето она што го прави раководството на клубот се роди голема мотивација, станавме една целина. Секој од нас, секогаш е подготвен да го даде максиумот, па токму таа сплотеност го донесе овие резултати“.
Мечот меѓу Вардар и Лозана е закажан за во четврток со почеток во 20:30 часот на Арената “Тодор Проески“.