Полувреме: Ибраими и Тамба со супер шанси, ама мрежите мируваат!

135
ФОТО: KF Skendija/FB

Заврши првото полувреме од првиот меч во 2.квалификациско коло во ЛШ меѓу Шкендија и ФЦСБ, кој се игра на Арената во Скопје и тоа без голови.

Треба да се каже дека и двете екипи имаа свои шанси, посебно Шкендија која уште во 2.минута можеше да поведе преку Ибраими, но неговиот шут за малку не беше прецизен.

Во 33.минута Тамба беше во продор и кога дојде на 10-12 метри од голот на гостите шутираше, Тарновану одбрани.

ФЦСБ имаше повеќе од играта во овој дел од средбата а преку Цисоти, Нгезана и Танасе имаше опасни закани кон голот на тетовци, но Гаје остана несовладан.

Одлична агресивна Шкендија на почетокот, но тоа траеше само до 10.минута за да потоа ФЦСБ се консолидира и почесто напаѓаше а Шкендија се бранеше.

ПретходноТомас Милер ќе игра во САД
СледноЕМОФ: И кошаркарите со убедлив пораз, Франција за класа подобра од Македонија