Денеска неколку наши екипи одиграа пријателски мечеви. Башкими во Банско, одигра уште еден добар контролен меч и тоа со резултат 1:1 против тимот на Фероникели.
Интересно, повторно стрелец на голот за кумановскиот тим беше Недим Хаџиќ.
Во Струга пријателска одиграа Македонија ЃП и Пелистер. Победија “Лавовите“ со резултат 2:1. Голот за битолчани беше дело на Ристиќ и тоа во самиот финиш на мечот.