Вечерва Шкендија на Арената во Скопје го дочекува ФЦСБ (Стеауа) во меч од 2.квалификациско коло во ЛШ. Со оглед на тоа дека обој клуб е убедливо најголем и најпопуларен во таа земја, сите медиуми и тоа како му даваат значење на вечерашниот меч меѓу шампионите на Македонија и Романија.
Па така тие предупредуваат дека најголема опасност по голот на ФЦСБ доаѓа од некогашниот соиграч на Ноер, Ракитиќ, Курањи, Еду, Асамоа… од времето кога и Бесарт Ибраими беше дел од тој тим на Шалке пред точно 15 години.
Исто така предупредуваат за тоа дека Бесарт пред пред пет години речиси сам го елиминира нивниот Ботошани кога постигна прекрасен гол во меч од квалификациите во Лигата на Европа.
Се наведува дека Ибраими шест пати бил најдобар стрелец во историјата на ПМФЛ и дека и покрај годините, тој ќе биде најголемата опасност го голот на ФЦСБ на вечерашнит меч.