Гоце Седлоски од доаѓање на клупата на Вардар има серија од 152 дена без претрпен пораз на клупата на освојувачот на Купот на Македонија. Најтрофејниот македонски фудбалски колектив остана непоразен и по првото квалификациско коло во рамките на Конференциската лига.
Следен противник е тимот на Лозана. Станува збор за противник кој влегува како фаворит на овој двомеч, но од таборот на Вардар во Утринската програма најавија дека нема да се предадат, сакаат пред своите навивачи да одиграа уште еден добар натпревар, а потоа и на реваншот.
„Ќе го дадаме максимумот, ова е прво полувреме, имаме и реванш на гостински терен. Ги повикувам сите фанови да дојдат да навиваат, а ние ќе се претставиме со добар меч и офанзивен фудбал.
Нема лесни противници, овој тим е доста силен. Минатата година го освоија третото или четвртото место, имаат промени во составот и нов тренер. Највжно е како ние ќе играме, како ќе одиграат фудбалерите, мора да покажат карктер. За овој двомеч ние се ставаме на прво место, како што кажав најважно е како ние ќе влеземе на тој меч, филозофијата е да играме офанзивен фудбал, да даваме голови. Нашата цел е да покажеме дека можеме да носиме со сите противници“, рече Седлоски.
Во овој момент за натпреварот со Лозана во Скопје отпаѓа Талески, кој е повреден, Најдоски почнал со тренинзи, а за Закариќ целата слика ќе биде позната денеска.
Седлоски говореше и на други теми, меѓу кои и што значи да си тренер на Вардар. За него ова е втор мандат на клупата.
„Дресот на Вардар е тежок, не може секој да биде тренер, играч или директор. 20 меча без пораз, ретко се случуваат, не заастануваме тука, мислите ни се со Лозана.
Кога за првпат тренер на Вардар, пред седум години, некој си го зема успехот со себе. Имав разговор со спортскиот директор Ивановски и луѓето го водат клубот. Не беше лесно, Вардар беше скроз доле. Им кажав дека ќе го спасам Вардар доколку ме остават да работам како што знам. Го освоивме петтото место и го освоиме Купот на Македонија“, рече Гоце.