Иако беше еден од клучните играчи на Реал Мадрид цела една деценија. Иако со “кралевите“ освои се она што можеше да се освои и дури пет пехари во ЛШ со најголемиот клуб во светот, сепак дури сега кажува дека никогаш не бил фан на клубот од “Сантијаго Бернабеу“.
Секако дека со ова, сега веќе пензиониораниот Германец и тоа како ќе ги разочара фановите на Реал.
А се започна со интервјуто за “Мундо Депортиво“ кога беше побарано од него да искоментира една стара фотографија на која е тој со дрес на Реал кога бил дете, кога имал само седум години:
“Од некоја причина во Реал Мадрид го носев дресот на Луис Фиго, и можам да кажам дека во некои работи тоа ми помогна. Кога искочи на интернет оваа фотографија, сите велеа дека еве Тони уште како мал бил фан на Реал. Сепак тоа не е вистина, без разлика што играв цела деценија јас, искрено, никогаш не сум бил навивач на Реал Мадрид. Од кога знам за себе сум бил фан на Вердер“ изјави Крос.