Почина легендата на Ливерпул и Велс

1599
FOTO LIVERPOOL X

Некогашниот велшки репрезентативец и легендарен дефанзивец на Ливерпул, Џои Џонс почина по кратко боледување на 70. годишна возраст.Оваа информација ја пренесе самиот Ливерпул, но и Врексам, клубот за кој исто така настапуваше Џонс.

Левиот бек, познат по исклучително цврсти стартови беше дел од Ливерпул кога овој тим го освои првата европска титула во 1977 година, а потоа успешно го одбрани истиот трофеј една година подоцна.

Џонс забележа дури седумдесет настапи за својата земја, а за Врексам настапуваше единаесет сезони во три наврати. Овој клуб ќе изгради споменик во негова чест пред стадионот.

 

ПретходноЕМОФ: И кошаркарите со убедлив пораз, Франција за класа подобра од Македонија
СледноБраво Шкендијо: Шампионот со победа покажа како треба против некогашниот европски првак! (ВИДЕО)