Ветеранот Томас Милер својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во МЛС шампионатот на САД.
Капитенот на Баерн се збогува со својот легендарен клуб и тој дефинитивно ќе има нова дестинација. Иако варијанта постоеше тој да се пензионира, сепак, медиумите јавуваат дека тој е на пат за САД.
Конкретно Милер има две опции. Тимот на Синсинати веќе му понудил договор на Милер, е во комбинација е и тимот на Лос Анџелес кој што има одлични релации со Баерн Минхен.
Милер го напушти Баерн по 25 години во клубот кога му истече договорот ова лето и не му беше понуден нов. Неговиот последен натпревар за клубот од неговиот роден град беше поразот од 2-0 од Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Светското клупско првенство.