Ракометниот клуб Алкалоид новата сезона ќе ја започне со Европски предизвик. По распоред се квалификациите за Европската лига на ЕХФ ќе игра со екипата на ТСВ Хановер-Бургдорф од Германија.
Па така, предмалку самиот клуб, ги потврди термините за одигрување на двата дуела.
Првиот натпревар е на гости односно на 31.8.2025 со почеток од 17:00. Вториот дуел е на домашен терен на 6.9.2025, од 19:30 во салата „Автокоманда“ во Скопје.