Одлуката дали Атина или Белград ќе биде домаќин на следниот Фајналфор на Евролигата е одложена за неколку месеци, објави кошаркарскиот портал Basket News.
Според литванскиот портал Baskernews, клубовите сè уште се поделени околу тоа дали да ја поддржат Атина или Белград, па одлуката за организаторот на Фајналфорот во 2026 година е одложена за септември, или дури и неколку месеци подоцна.
Белград беше домаќин на Фајналфорот на Евролигата во 2018 и 2022 година, додека Атина беше домаќин на Фајналфорот во 2007 година.
Патем, Абу Даби очигледно ќе го добие домаќинското место за Фајналфорот во 2027 година и две години потоа.
Да потсетиме дека овој град беше последниот домаќин на завршниот турнир на Евролигата, кога Фенербахче ја освои титулата откако го доби финалето против Монако