Од денеска и официјално Брегалница, гордоста на Штип, има нов газда или спонзор. Тоа е Мурат Шамил Шен кој успеа да дојде до 85% од акциите на клубот. Веднаш да кажеме дека Шен е некогашна кошаркарска легенда и позната фаца во светот на спортот.
Инаку на самата прес конференција на која беше претставен турскиот газда, кажано беше дека буџетот на Брегалница за следната сезона ќе биде најмалку еден милион евра.
Иако не беше кажано, само најавено дека во следните денови ќе се знае името на новиот стратег, тоа би требало да биде Влатко Костов. Веројатно најдоброто решение во овој момент.
Исто така беше кажано дека на 12 септември на Градскиот стадон во Штип, и тоа под светлоста на рефлекторите, пријателски натпревар ќе одиграат ветераните на Брегалница и Ц. Звезда.
Амбициите на новото раководство на Брегалница се големи. Како прво враќање во елитата, а потоа секако и издигнување на клубот на повисоки рамки во мак – фудбалот.
Интересно е тоа што новиот газда истакна дека секој фудбалер кој што ќе потпише договор со Брегалница ќе се обврзе да не се обложува на бико каков начин, во спротивно истиот ќе биде казнет и санкциониран.
Ова првпат се случува во мак – фудбалот воопшто.