Во одлична атмосфера кошаркарите се подготвуваат за тешката битка (ФОТО)

138

Македонската кошаркарска репрезентација од петокот е во Гевгелија каде ги одработува подготовките за претквалификациските натпревари за Светското првенство 2027.

Под водство на селекторот Марјан Илиевски, „црвено-жолтите“ се подготвуваат фокусирано и мотивирано за двата важни дуели против Романија и Унгарија. Сместени се во хотелот „Аполонија“ во срцето на Гевгелија, каде што имаат одлични услови за работа, мир и концентрација – сè што им е потребно за максимална подготвеност. Тренинзите  се одвиваат во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негориски Бањи“.

Атмосферата е одлична, сите имаат една желба – да го дадат максимумот на сите дуели, да го остават срцето на терен. За сето ова можевме да се увериме од лице место.

Со овие претквалификации кошаркарска Македонија го започнува процесот на смена на генерација, кој требаше многу поодамна и побезболно да се случи. Добро е познато дека нашата репрезентација ќе биде подмладена, има само три искусни имиња во составот: Адем Мекиќ, Андреј Магдевски и Џејкоб Вајли, сите останати се млади кошаркари, кои ќе имаат шанса да се изборат за место во националниот тим.

Репрезентацијата ќе биде комплетна утре, последен ќе се приклучи Американецот, Вајли. Во последен момент поради повреда отпадна Андреј Јакимовски. Илиевски овој викенд ќе има шанса да ги тестира силите, во Гевгелига гостува Швајцарија против која се предвидени две пријателски натпревари.

Првиот натпревар од претквалификациите, Македонија го игра на втори август против Романија во Куманово.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноБелград или Атина – Евролига ќе „пресече“ во септември
СледноТиквеш одигра 0:0 со Анталиаспор!