Вардар утре од 20.30 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ја дочекува силната Лозана. Секако дека швајцарците се тим за респект, но и нашиот најтрофеен клуб има што да каже на утрешниот меч.
Во пресрет на утрешнот дуел, стратегот на Вардар, Гоце Седлоски има свое видување кое го сподели со новинарите вечерва на пресот:
„Против себе имаме добар противник. Мораме да бидеме свесни дека нѐ очекува тежок меч во овие први 90 минути во Скопје. Швајцарскиот фудбал напредува и имаат силна лига. Имаме респект, но треба да излеземе, да покажеме карактер. Се зависи како противникот ќе ни дозволи да играме. Се надевам дека нашите момци кои ќе излезат на теренот ќе го дадам максимумот и ќе имаме добар резултат пред реваншот кој е во Лозана за седум дена. Не сакам да кажувам со кој резултат ќе бидам задоволен, бидејќи има уште 90 минути ккои ќе се играат во Лозана. Утре нека победи тој што е подобар“, вели Седлоски.
Седлоски потенцираше дека има мали проблеми околу составот. Талески и Сековски сигурно нема да играат, додека за капитенот Закариќ ќе се знае по завршување на денешниот тренинг.