Еван Фергусон и официјално во Рома

65

Досегашниот напаѓач на тимот на Брајтон, Еван Фергусон и официјално се пресели во Рома како позајмен играч.

Рома има опција да го купи Фергусон за околу 40 милиони евра потоа. Репрезентативецот на Република Ирска, кој ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Вест Хем, си заминува по 80 настапи за „Галебите“ и 17 гола.

Новиот тренер Гасперини седнува на клупата на Рома со нов напаѓач откако девет години беше дел од Аталанта.

 

ПретходноНекоја нова реалност за Крис Пол
СледноЗенит објави: Добредојде Нено