ЕМОФ: Во драматичен финиш кошаркарите поразени од Летонија со 97:98, победија само баскетчиите во екипните спортови!

119

Денеска беше третиот натпреварувачки ден во екипните спортови на ЕМОФ на кој учествуваа нашите млади спортисти. Вечерва малку, само пола поен, недостигаше младите кошаркари да победат против Летонија. Сепак драмата на крајот заврши со триумф на гостите од 97:98.

Штета.

Победија само баскетчиите во машка конкуренција против Германија со 14:10. Додека женската селекција беше поразена исто од Германија.

Женската кошаркарска селекција беше поразена од Германија со неверојатни 91:18.

Што се однесува до ракометот, нашите млади ракометари загубија од Исланд со 27:36, додека кадетките од Норвешка со 23:30.

Ништо ново и кај одбојката. Нови порази и за двете наши селекции.

Младите одбојкари беа поразени од Турцција со 0:3, додека одбојкарките исто со максимални 0:3.

ПретходноЕве како Швајцарците ја оставија соблекувалната после тренингот!
СледноСега е и официјално: Ливерпул се пофали со Екитике! (ФОТО)