Жоао Феликс се враќа дома за 25 милиони евра

152

Некогаш најголемата млада звезда во Европа, Жоао Феликс ќе се врати во својот матичен клуб Бенфика.

По трансферот во Атлетико Мадрид своевремено за 126 милиони евра, и неисполнетите очекувања да стане број еден во светот, Феликс се враќа во Бенфика, за откушна цена од само 25 милиони.

Она што му се предвидуваше на напаѓачот веќе одамна не постои. Тој во ниту еден момент не го докажа и покажа сиот свој потенцијал и талент кој што го поседуваше, па по престојот во Атлетико, и неколкуте позајмици, трансферот во Челзи сега се враќа онаму каде што започна.

Неговиот трансфер во Бенфика треба да е готов до петок, а тој веќе следниот викенд би требало да се појави во дресот на „орлитее“ на Еузебио купот против Фенербахче.

 

ПретходноКостески: Предизвиците се големи, ќе ги дочекаме подготвени
СледноШкендија веќе денеска закажа пријателски меч со Работнички