Иван Чупиќ го носи својот брат во Вардар на местото на Столе?

2834

Вардар 1961 го „тресе“ скандал после одлуката на раководството на клубот да му даде предност на Иван Чупиќ пред легендата Стојанче Стоилов, кој пак ќе ја прекине соработката со „црвено-црните“ после 14 години.

Иако хрватскиот ракометар нема тренерско искуство исто како Столе, сепак првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски смета дека во овој момент Чупиќ е подобар избор од легендата на клубот нешто што во земјата од каде што доаѓа поранешниот член на најтрофејниот ракометен колектив немаше да се случи.

СпортСпорт дознава нов скандал. Чупиќ не само што со себе ќе донесе стручен штаб од Хрватска, што пак значи „клоца“ за Македонците, неофицијално планира да го донесе неговиот брат.

За македонската јавност Никола Чупиќ не значи ништо, станува збор за тренер кој нема искуство во големи тимови, ниту како помошник. Но, според нашите информации ќе биде асистент на Иван Чупиќ, секако на местото на Стоилов.

Дали нашите информации се точни, ќе биде познато наскоро. Вардар 1961 утре стартува со подготовките за новата сезона во која ќе настапува во групната фаза во Европската лига.

Претходно легендарниот хрватски голман Марио Келентриќ беше промовиран за нов тренер на голманите на сениорскиот тим.

ПретходноСрбите бесни: ФИФА со смешна казна за Албанија
СледноБрегалница со 1 милион евра буџет, со Костов на клупата и со строги казни за обложувачите!