Костески: Предизвиците се големи, ќе ги дочекаме подготвени

78

Базирано на тактичката определба да игра брз ракомет, искуството и потребите што се наметнаа од минатата сезона, РК Алкалоид во преодниот рок стратешки го дополни играчкиот ростер со нови брзи ракометари кои ќе ја забрзаат транзицијата и играта, а во таквиот концепт посебна улога ќе добие нашиот нов играч, десното крило Ненад Костески.

Ненад Костески има 24 години во кои е акумулирано искуство и од играње во странство, во екипата на РК Загреб и на меѓународната сцена на највисоко ниво, во Лигата на шампионите. Тој е стандарден репрезентативец, добро познат и на јавноста и на соиграчите и ќе донесе нови моменти во играта на РК Алкалоид. Ненад Костески зборуваше за своите очекувања и планови сезонава…

Првите импресии

„Иако сум многу кратко овде, одлично се чувствувам во новата средина. Промените се добредојдени во спортот. Јас по пет години минати во Битола се решив за промена на средината па сега со нетрпение го очекувам новиот предизвик. Првите импресии се одлични и се верувам дека сѐ ќе биде како што треба“.

Очекувањата во новата средина
„Алкалоид е клуб што има големи амбиции и високи цели. Спремно ќе ги дочекаме и ќе одговараме на сите предизвици. Очекувам дека ќе ја вратам и ќе ја искачам на највисоко ниво мојата форма. Верувам дека ќе имам шанса и минутажа во кои ќе можам да се докажам и да се вратам на тоа што сум, вистинскиот – јас.
Професионалец сум, секогаш сум сакал и сум се стремел кон тоа да победувам и се фокусирам целосно на тоа. Ќе го дадам максимумот за да придонесам најмногу што можам за клубот да направи успеси“.  – вели Костески

Играњето во ист клуб со својот брат

„Посебно чувство и посебен момент во мојата кариера е што ќе играм во ист клуб заедно со мојот брат. Ние сме играле заедно во репрезентација, но никогаш не сме биле заедно во ист клуб. Сега ќе ни се оствари и таа желба. Секако дека тоа е многу позитивен момент за двајцата и мотивација плус на теренот“. – истакнува вашиот играч.

 

 

 

ПретходноЗенит објави: Добредојде Нено
СледноЖоао Феликс се враќа дома за 25 милиони евра