Она што го прави Ливерпул ова лето се граничи со нешто фантастично. Имено “Редси“ просто растурија на трансфер – пазарот. Покрај другите ги купија Флоријан Вирц и Уго Екитике, заедно за околу 230 милиони евра, а вечерва после промоцијата на Екитике, нова “бомба“ од Островот.
Ливерпул и дефинитивно тргнува по Александер Исак и спремен е на Њукасл да му плати неверојатни 140 милиони евра, а на самиот играч 20 милони евра годишна плата. Њукасл бара 170 милиони евра отштета, ама може да остане без ништо.
Во случај овој најавен трансфер да не се оствари, се мисли на Исак, тогаш Ливерпул има опција Б, а тоа е Родриго од Реал Мадрид за кој се бара 100 милиони евра, сепак тренерот Арне Слот повеќе е заинтересиран за Исак.
По се ова фановите на Ливерпул не можат да поверуваат што се случува со нивниот клуб, посебно ако се знае дека во последните години Ливерпул беше далеку од Сити, Јунајтед, Челзи, Арсенал, Њукасл… кога станува збор за купување на екстра играчи.
Ова лето некои работи се променија.
И дефинитивно.