Дојде време за последната сезона од кариерата на Крис Пол.
Легендарниот плејмејкер има 40 години и се врати во Клиперс, клубот каде што остави најголем впечаток и каде што играше шест години.
Тој сè уште нема шампионска титула во НБА, па ова ќе му биде последна шанса конечно да стигне до големиот трофеј.
Сепак, нема да има голема улога.
Ќе има натпревари во кои Крис Пол нема да добива никаква минутажа, нешто што досега не сме го виделе во неговата кариера.
„Тој го разбира тоа. Сакаше да биде во конкурентен тим и разбира дека ќе биде на место каде што никогаш не бил“, рече Крис Виндхорст од ESPN.