Македонската кошаркарска репрезентација ја чекаат претквалификации за Светското првенство 2027 година. Новиот селектор, Марјан Илиевски пред стартот на подготовките се соочи со бројни проблеми, настапот во националниот дрес го откажаа речиси сите стандардни кошаркари. Дел од нив поради повреди, дел не го оправдаа своето отсуство, а има и такви кои поради приватни причини нема да играат за Македонија.
Но, проблемите не застанаа. Илиевски доби уште една лоша вест, а тоа е дека Андреј Јакимовски сепак нема да го видиме во „црвено-жолтиот“ дрес. Причината е ситна повреда која го мачи, а која бара соодветен третман, а потоа и мирување за да може после 15. август да му се приклучи на новиот тим Тренто.
Последен кој ќе се приклучи на подготовките во Гевгелија е Џејкоб Вајли кој вечерва треба да пристигне во Скопје, а потоа да му биде ставен на располагање на Илиевски.
Македонија во Гевгелија ќе одигра два пријателски меча против Швајцарија, на 25 и на 26 јули, во салата на Блокотехна.
Нашата репрезентација во претквалификациите за СП ќе игра против Романија и Унгарија. Првиот меч е закажан за втори август во Куманово против Романија.