Освојувачот на СП го изнавреѓа Јамал: Почекај малку, копиле едно…

1472

Адил Рами, поранешниот француски фудбалер и светски шампион од 2018 година, кој настапуваше за Валенсија и Севиља, упати жестоки критики кон младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал. Иако не го негира неговиот исклучителен фудбалски талент, Рами во пренос во живо на социјалните мрежи остро го осуди однесувањето на Јамал и на теренот и надвор од него.

„Веќе два месеца не можам ни да го гледам. Баш ме заболе дали се луѓето задоволни или не, дали се навивачи на Барселона или на Ламин… Сè ми е исто. Ви ја зборувам вистината“, започна Рами.

Пред да започне со серијата критики, Рами сепак ја призна играчката вредност на Јамал.

„Што се однесува до фудбалот – немам што да кажам. Тој е феномен и сигурно ќе освојува Златни топки, Лиги на шампиони и што уште не. Но што се однесува до неговото однесување – нека оди во…. Едноставно е така“, изјави директно поранешниот француски репрезентативец.

Рами го образложи своето мислење наведувајќи неколку ситуации.

„Начинот на кој се поздрави со Кристијано Роналдо во финалето на Лигата на нации – не ми се допадна. Таму сè почна“, објасни тој.

Му пречат и начинот на комуникација и некои потези на теренот.

„Не ми се допадна што снимаше видеа во кои зборува за себе. А глупоста со спуштањето на панталоните… Веќе објаснив зошто некои момци го прават тоа и од каде потекнува. Приказната за спуштени панталони доаѓа од затворите во САД и Мексико – тоа бил знак дека некој сака да биде *е**н“, рече Рами.

Поранешниот дефанзивец беше изреволтиран и од други аспекти.

„Организира забави за кои веќе многу се зборува. Почекај малку, копиле едно. Дојде, го зеде дресот со број 10 и носи скапи работи со дијаманти… Мисли дека е Американец.“, заклучи светскиот шампион со Франција од 2018 година.

ПретходноСаид Хеидарирад е нов голман на Пелистер
СледноБелград или Атина – Евролига ќе „пресече“ во септември