Пријавување за ФФМ Лиги за петлиња, помлади петлиња и ФФМ Детски Лиги за сезона 2025/2026

117

Ве информираме дека е започнат процесот на пријавување за учество во:

– Регионалните лиги за петлиња (фудбалери родени во 2011 година)

– Регионалните лиги за помлади петлиња (фудбалери родени во 2012 година)

– ФФМ Детските лиги (фудбалери родени од 2013 до 2018 година, вкупно 6 категории)

Рокови за пријавување:

– Најдоцна до 27.07.2025 (недела) за регионалните лиги за петлиња и помлади петлиња

– Најдоцна до 06.08.2025 (среда) за ФФМ Детските лиги

По истекот на роковите ќе следи официјалната постапка за доставување документи и разгледување на апликациите од страна на клубовите кои ќе се пријават.

Ги потсетуваме сите заинтересирани клубови и оние кои веќе учествувале, како и оние кои првпат сакаат да бидат дел од лигите да аплицираат најдоцна до наведените термини.

Клубовите кои ги добиле потребните мејлови со информации и линкови за онлајн пријавување, нека ја пополнат пријавата навреме.

Доколку некој клуб од било која причина не го добил мејлот, потребно е да испрати е-порака со интерес за учество на адресата: [email protected]. По тоа, клубот ќе добие повратен мејл со сите потребни информации и инструкции за пријавување.

ПретходноТотенхем се во битката за Родриго
СледноПелистер 2 стартуваше со подготовките за новата сезона!