Пријателски: Вториот тим на Шкендија убедлив против Работнички, Струга ТЛ ремизираше со Љапи!

427
ФОТО: KF Skendija/FB

Попладнево се одиграа уште неколку контролни средби на кои настапија наши прволигаши.

На Градскиот стадион под Шара, вториот тим на Шкендија, оние играчи кои вчера против ФЦСВ немаа минутажа или влегоа во игра од клупата, го победија Работнички со 3:1.

Стрелци на головите за тетовци беа Флорент Рамадани два и Адеми еден, за Работнички стрелаше Велковски.

Во Струга домашната екипа на Струга Трим Лум одигра 1:1 против косовскиот тим Љапи. Стрелец на голот за стружани беше Мемед Риза.

ПретходноЧалханоглу ги разреши дилемите: Останувам во Интер! Со Лаутаро кога ќе се видиме само ќе се прегрнеме!
СледноМартин Серафимов:Алкалоид ќе оди на победа на секој натпревар!