Саид Хеидарирад е нов голман на Пелистер

151

Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот првак Пелистер. Тој заедно со Никола Митревски и Давид Брестовац ќе бидат задолжени за мрежите на битолскиот тим. 

Се работи за 34-годишен голман, кој во својата земја е гопема спортска ѕвезда. Саид Хеидарирад доаѓа во Битола од Партизан Белград, откако даде голем придонес во титулата првак на Србија, која црно-белите ја освоија во сезоната 2024/25.

Хеидарирад долги години е во Европа, откако пред да дојде во Србија седум сезони настапуваше за романскиот гигант Динамо Букурешт и освои многу трофеи со клубот од главниот романски град. 194-сантиметри високиот Саид Хеидарирад е незаменлив во иранската репрезентација, а беше дел и од неколку Светски првенства и шампионати на Азија.

Иранскиот голман потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на крајот од месецот

ПретходноБрегалница со 1 милион евра буџет, со Костов на клупата и со строги казни за обложувачите!
СледноОсвојувачот на СП го изнавреѓа Јамал: Почекај малку, копиле едно…