Денешната ждрепка во Минхен нашата женска сениорска репрезентација ја дочека во 4. „шешир“, заедно со оние на Естонија,Кипар, Австрија, Ирска, Азербејџан.
А одлучи дека нашата женска сениорска репрезентацијаа ќе биде дел од групата „Ф“ во која се уште селекциите на Грција, Хрватска и Данска.
Вкупно 38. национални селекции кои го пријавија своето учество во квалификциите, ќе треба да поминат две фази, прва и втора квалификациска, преку четири „прозори“ на ФИБА.
ПРВА РУНДА КВАЛИФИКАЦИИ
Во првата квалификациска рунда, ќе играат 27. селекции во периодот од ноември 2025 до март 2026 година.
Тимовите се поставени во шест групи по четири, и една од три (група „А“, група „Б“, група „Ц“ и група „Д“, и ќе играат според „раунд-робин“ систем, по три натпревари во секој квалификациски „прозорец“.
Победниците на групите и второпласираните, и трите најдобри според резултатите од првиот круг – вкупно 17, имаат прогрес во втората квалификациска рунда.
Репрезентациите на Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија ќе учествуваат на квалификациските турнири за пласман на Светското првенство во 2026 година, кои ќе се одржат во март, 2026 година, и нема да играат во оваа квалификациска фаза.
Освен тоа, Белгија, како една од четирите земји организатори, заедно со Финска, Литванија и Шведска, ќе бидат во заедничката група „Х“, и заедно со останатите седум, директно се квалификуваат за втората рунда од квалификациите.
Тимовите кои ќе бидат елиминирани во првата рунда ќе се „преселат“ во претквалификациите за ФИБА Евробаскетот во 2029 година.
ВТОРА РУНДА КВАЛИФИКАЦИИ
Втората рунда од квалификациите предвидува 24.национални тимови. Од нив, 17 се од првата квалификациска рунда, плус седум од квалификациските турнир за Светскиот Куп 2026 (Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија).
Поделени се во шест групи по четири-учесници (вкупно шест натпревари во два ФИБА „прозорци“, ноември 2026 и февруари 2027, во секој од нив ќе бидат одиграни по три натпревари).
Двете првопласирани селекции од секоја група, вкупно 12, ќе им се придружат на четирите домаќини на Евробаскетот во 2027 година (Белгија, Финска, Литванија и Шведска).
ГРУПА А
БиХ
Израел
Луксембург
Ирска
ГРУПА Б
Словенија
Летонија
Холандија
Естонија
ГРУПА Ц
Словачка
Полска
Романија
Кипар
ГРУПА Д
Велика Британија
Швајцарија
Норвешка
Австрија
ГРУПА Е
Црна Гора
Украина
Бугарија
Азербејџан
ГРУПА Ф
Грција
Хрватска
Данска
МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Г
Србија
Португалија
Исланд
ГРУПА Х (ОРГАНИЗАТОРИ)
Белгија
Шведска
Литванија
Финска